Селекторот Благоја Милевски официјално го објави стартниот состав со кој Македонија ќе ја нападне Бугарија. А-тимот ќе го отвори мечот со Бугарија со Димитриевски, Ашковски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Спировски, Барди, Елмас, Трајковски, Чурлинов и М. Ристовски.

Селектрот имаше само една дилема и мечот со Бугарите во средниот ред го почнува Стефан Спировски додека Боби Николов ќе чека шанса од клупата за резервни играчи.

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја отвора новата сезона во Лигата на нации, а наш прв противник ќе биде соседна Бугарија.

Селекторот Благоја Милевски ги одреди единаесетте фудбалери кои ќе го започнат натпреварот во Разград, а во составот настапуваат голем број офанзивни фудбалери.

На голот очекувано е Димитриевски, а пред него ќе бидат Алиоски, Муслиу, Велковски, Чурлинов, Елмас, Барди, Ашковски и Спировски додека во нападот се Трајковски и Ристовски.

Бугарската репрезентација ќе стартува во состав: Михајлов, Турицов, А.Христов, П.Христов, Недјалков, Миланов, Крастев, Чочев, Неделев, Десподов и Илиев.
Првиот натпревар од новото издание меѓу селекциите на Бугарија и Македонија почна во 18 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.