Актуелниот италијански фудбалски шампион е заинтересиран за досегашниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала објави „Газета дело спорт“.
Досега најголем кандидат за потпис на Аргентинецот беше Интер, но „неро-аѕурите“ се уште не може да потпишат со Дибала, иако пред извесно време со него се договорија за четиригодишна соработка со плата од 5 милиони евра по сезона, без бонуси.
Милан е подготвен да ја искористи оваа ситуација и сака да го „украде“ играчот од вечниот градски ривал. Но, максималната плата што може да ја понуди Милан е 4-4,5 милиони евра годишно.
Интерес за 28-годишниот играч покажуваат и Рома, Наполи, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.
Дибала минатата сезона постигна 15 гола и шест асистенции на 39 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања. Тој го напушти клубот од Торино на 30 јуни 2022 година како слободен играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.