Oдлично дерби одиграа Милан и Интер во петтото коло од Серија А. Милан, славеше со резултат 3:2, а најзаслужен за триумфот беше Португалецот, Рафаел Леао.

Интер подобро го отвори натпреварот. Нероаѕурите поведоа во 21. минута кога хрватскиот репрезентативец Брозовиќ погоди на додавање на Кореја.

Сепак, одговорот дојде брзо. Рафаел Леао ја искористи асистенцијата на Тонали и го израмни резултатот. Со овој резултат отидовме на полувреме.

За само шест минути во вториот дел Милан го разби ривалот. Најпрвин во 54. минута прецизното додавање на Жиру од Леао, а во 60. истиот тандем, но во обратни улоги ги донесе Росонерите на 3:1.

До крајот на натпреварот Интер напаѓаше, успеа да постигне гол преку Един Џеко, а во финишот голманот мењан со неколку спектакуларни одбрани ја сочува победата на Милан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.