Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси изјави оти менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, „му нанел многу штета на фудбалот“, појаснувајќи оти бројни стратези се обидуваат да го копираат каталонскиот тренер, пренесува шпански „Мовистар плус“(Movistar Plus+).

Меси и Гвардиола соработуваа од 2008 до 2012 година во периодот за кој многумина тврдат дека Барселона го играла најубавиот фудбал во историјата на овој спорт.

„Гвардиола му нанесе многу штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Меѓутоа, тоа секако не е случај“, рече Меси.

Аргентинецот додаде дека Гвардиола е уникатен тренер во секој поглед.

„Нема сомнение дека Гвардиола е многу посебен. Особено начинот на кој го гледа секој натпревар, подготовките за натпреварот и начинот на кој ја разменува тактиката со играчите“, додаде Меси



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.