Поранешната ѕвезда на аргентинскиот фудбал, 48-годишниот Ернан Креспо е назначен за нов тренер на Ал Аин, клуб од Обединетите Арапски Емирати.

Креспо остана без работа во септември кога катарски Ал Духал му врачи отказ, а во својот нов клуб доаѓа на местото на Холанѓанецот, Алфред Шројдер, кој треба да биде новиот стратег на саудискиот клуб Ал Итихад во кои главни ѕвезди се Карим Бензема и Нголо Канте.

Тренерската кариера на Креспо е под нивото на неговите години како играч во кои беше ѕвезда каде и да играше, од Ривер Плата, Парма, Лацио и Интер до Челзи и Милан.

Првиот тренерски ангажман го имаше во Парма, клубот во кој ја заврши кариерата како играч. Продолжи во Модена по што ја напушти Европа и ги предводеше аргентинските клубови Дефенса и Банфилд, како и бразилски Сао Паоло



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.