Фудбалерите на Интер Мајами го декласираа Орландо со резултат 5:0, а Лионел Меси на овој меч двапати погоди.

Сепак, одличната игра и головите останаа во сенка на неуспешен обид на Аргентинецот од слободен удар.

Меси имаше одлична можност да ја затресе противничката мрежа од околу 20 метри. Тој упати силен удар, го мина живиот ѕид, а топката наместо во голот заврши во трибините на стадионот. За жал, удрил бебе кое спиеше крај родителите .

Топката го погоди малото девојче, кое од страв веднаш заплака.

Потоа следеше шокантна реакција на таткото, кој беше воодушевен.

“Добро ли си љубов моја? Меси те удри, Меси те удри! Не е ништо”, реке со насмевка таткото на девојчето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.