Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од ПСЖ во Реал Мадрид, тврди Скај Спортс. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со Шпанците за плата од 15 милиони евра по оданочување. Играчот ќе добие и 150 милиони евра како бонус за потпишување.
Според Скај Спортс, платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 изнесувала 75 милиони евра годишно. Фудбалерот доби и 30 милиони евра од парижаните во вид на бонус за потпис.
Мбапе најави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24. Најверојатно, напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека се очекува „белиот балет“ официјално да го објави договорот со играчот пред почетокот на ЕП 2024 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.