Најдобриот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе синоќа против Монпелје на гости во натпреварот од 26. коло на францускиот шампионат прослави јубилеј.

Во триумфот со 6:2 Мбапе учествуваше со хет-трик. Дваесет и петгодишниот Французин на 297 натпревари за тимот од Парзи постигна 250 гола. Има и 106 асистенции.

Мбапе е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Единсон Кавани е втор на листата со 200 гола. Трет е Златан Ибрахимовиќ (156).

Оваа сезона Мбапе одигра 37 натпревари за ПСЖ, постигна 38 голови и осум асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.