Фудбалерот и капитен на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе зборуваше за неговата улога во националниот тим.

– Да се ​​биде капитен на репрезентацијата на својата земја е голема чест. Ние претставуваме милиони Французи. Тоа е нешто одлично, размислував за тоа кога бев дете. Кога сте капитен, постојат голем број работи кои не треба да ги пропуштите. Пред сè, треба да размислите за тимот. Не сакам да бидам главен, мислам дека имаме многу важни играчи во тимот. Се разбира, јас сум врска помеѓу минатото и новите генерации, но нема притисок во ова. Мислам дека се ќе биде многу добро, изјави Мбапе.

Франција вечер од 20:45 часот ќе игра на гости кај Ирска во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2024 година.

Французите победија во првото коло, додека Ирците беа слободни и за нив овој меч ќе биде прв во новиот квалификациски циклус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.