Селекторот на Роберто Мартинез верува дека Кристијано Роналдо може да игра со друг напаѓач.

Кристијано е единствениот играч со 198 репрезентативни натпревари. Неговото искуство е многу важно за нас. Гонкало Рамос и Роналдо можат да играат заедно, нема што да се разговара, изјави Мартинез.

На натпреварот на Португалија со Лихтенштајн пред пет дена, Рамос влезе во 78. минута на местото на Роналдо, а вчера против Луксембург истата замена се случи во 65. минута. На двата натпревара Роналдо беше двоен стрелец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.