– Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“.

Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Олимписките игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.