Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е избран за играч на месецот на Реал Мадрид во септемвриското гласање на навивачите на „Кралскиот клуб“.

Многу сум среќен, сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Реал Мадрид, задоволство е што сум избран за играч на месецот. Најважно е што во текот на овој месец (септември) победивме на многу натпревари и се надевам дека ќе продолжиме така. Имаме три многу важни натпревари следната недела и сакаме да ги победиме сите три. Тимот и јас сме подготвени и се надевам дека ќе го дадеме најдоброто за цел Мадрид“, во кратко видео објавено на веб-страницата на Реал Мадрид изјави францускиот напаѓач кој во септември постигна шест голови на пет натпревари за својот клуб.

Реал Мадрид в сабота игра на гости против Селта Виго во шпанското првенство, а потоа ја пречекува Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони во вторник пред Ел Класико со Барселона на Сантијаго Бернабеу на 27 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.