Килијан Мбапе ќе биде еден од заменик капитените на Пари Сен-Жермен оваа сезона.
„RMC Sport“ пренесува дека играчите на тимот учествувале во тајно гласање по кое дефанзивецот Маркињос останал капитен на тимот.
Фудбалерите решија да спроведат анкета за тоа како да се избира капитенот. Ова одлука не им се допадна на сите во ПСЖ, вклучувајќи ги и менаџерите.
Во вторникот изборите се одржаа во построга и анонимна форма, а Маркињос ја задржа капитенската лента. За прв заменик капитен е избран Данило Переира, втор Преснел Кимпембе и трет Килијан Мбапе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.