Селекторот на Италија, Роберто Манчини се пожали на недостиг од италијански играчи во врвните клубови во Серија А.
– Ние, во италијанската репрезентација, сме уште полоши од Англичаните. Не знам зошто има толку малку напаѓачи, ние сме крајно ограничени во овој аспект. Три наши екипи стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овие три екипи имаат само 7-8 вкупно Италијанци. Таква е реалноста.
Порано игравме фудбал по улица по 3-4 часа, а потоа одевме на тренинг. Сега нема такво нешто. И не случајно се појавуваат нови имиња во земји како Уругвај, Аргентина и Бразил, каде што се уште се игра многу на улиците, изјави селекторот на Италија.
Италија утре ќе ги одмери силите со Англија во првото коло од квалификациите за Евро 2024 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.