Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјави дека се уште  натаму е разочаран поради тоа што Азурите нема да настапат на Светското првенство, што в недела почнува во Катар.

Италија е актуелен европски првак, а на патот до Мундијалот 2022 беше запрена од македонската репрезентација со шокантен пораз во март годинава во Палермо.

Ова ќе биде тежок месец за нас. Само што почна. Чувствуваме горчина во овој момент, но натпреварите мораат да се играат. Се чувствувам лошо уште од март. Тоа е фудбалот. После голема среќа, доаѓа големо разочарување и ние тука ништо не можеме да смениме. СП без Италија е поинакво, рече Манчини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.