Селекторот на Италија, Роберто Манчини на прес-конференција пред мечот со македонската фудбалска репрезентација во бараж за Светското првенство во Катар рече дека е оптимист, но потенцира дека победата треба да се потврди на теренот.
– Нема да бидат лесни натпревари, два лесни натпревари, се разбира, не требаше да влеземе во таква ситуација и ќе го поминеме тешкиот пат. Составот е ваков, не можам да повикам 40 играчи. Натпреварот со Македонија нема да го сметаме за добиен однапред. Оптимист сум, но не ја отпишуваме македонската репрезентација. Но, нашата цел не е само да се пласираме на Светското првенство, туку и да го освоиме, изјави Манчини.
Натпреварот ќе се игра во Палермо на 24 март. Победникот од овој дуел, во финалето на 29 март ќе игра со поуспешниот од средбата Португалија – Турција.
Светското првенство ќе се игра во Катар од 21 ноември до 18 декември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.