Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, уште еднаш зборуваше за своето разочарување од елиминацијата на неговите избраници од Светското првенство 2022.
И покрај големото разочарување, задоволен сум што се цени работата што ја направивме во изминатите четири години. Освојувањето на ЕУРО 2020 не е наше единствено достигнување. Момците заслужуваат признание за постигнатото. Имаме посебен тим. Требаше да победиме во нашата квалификациска група за Светско првенство со најмалку два бода предност пред Швајцарија. Во Базел требаше да победиме со 3:0. Од септември постојано немаме среќа, но не можам да ги обвинувам играчите, тие покажаа добар фудбал. Направивме грешки и не ги претворивме нашите шанси во голови. Сега имаме можност да додадеме млади играчи во тимот, кои, се надевам, ќе ги добијат своите шанси во клубовите. Можеме да го следиме потенцијалот на младите момци. Овој тим со мало засилување можеше да го освои Светското првенство, изјави Манчини.
Тој најави промени во составот на следните натпревари на Италија.
Треба да ја подготвиме репрезентацијата за Европското првенство кое ќе се одржи за две години. Ова е наша работа. Сакав да освојам Европско и Светско првенство. Сепак, за Мундијалот ќе мора да почекам, но ми се допаѓа оваа работа и сакам да направам нешто важно овде. Ако го земеме предвид нашето разочарување, тогаш сѐ останато тече како и обично, додаде селекторот на „Аѕурите“.
Италија не успеа да го помине полуфиналето во баражот за пласман Мундијалот 2022 откако на 24 март во Палермо загуби од Македонија со 1:0 со гол примен во 2. минута од судиското надополнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.