Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити има 32 натпревари без пораз во Премиер лигата од декември 2023 година.

Ова е најдобрата серија во историјата на клубот.

Во дуел од денешното 9. коло на Англиското фудбалско првенство, избраниците на Пеп Гвардиола го совладаа Саутемптон со 1:0.

Последен пат „граѓаните“ загубија на 6 декември 2023 година од Астон вила (0:1) на гости.

На 2 ноември, Манчестер сити ќе игра против Борнмут во 10. коло од Премиер лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.