Манчестер сити ќе има Фудбалска академија и школа во албанскиот пристанишен град Драч.
Премиерот Еди Рама, кој е во посета на Велика Британија објави дека е потпишан договорот со „Сити Фудбал Груп“, со кој Албанија ќе има соодветна фудбалска академија, на еден од најпознатите клубови.
Според него благодарение на помошта на пријателите од Обединетите Арапски емирати(ОАР) Албанија сега се приклучува на многу земји каде Манчестер Сити има фудбалска школа.
Покрај таленти од Албанија, можност да бидат дел од тренинг кампусите ќе имаат и млади фудбалски ѕвезди од регионот.
– Да…Академија на клубот на Манчестер Сити и негова детска фудбалска школа ќе има регионален кампус во Драч. Новото поглавје од приказната за пријателството и иднината штотуку започна, на заеднички пат на успех со нашите непроценливи пријатели од Обединетите Емирати, благодарение на чија поддршка Албанија влегува на престижната мапа на CITY FOOTBALL GROUP, заедно со Англија, Шпанија, Франција. , Италија, Белгија, САД, Австралија, Бразил, Уругвај, Јапонија, Индија и Кина, напиша Рама на Фејсбук.
Од албанска страна договорот го потпишале министерката за образование и спорт Евис Куши, како и градоначалничката на Драч, Емирјана Сако.
Медиумите наведуваат дека на потпишувањето присуствувал и познатиот бизнисмен од ОАР, Мохамед Алабар кој доби концесија за “трансформација на Драч како Дубаи”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.