Завршното коло во Премиер лигата донесе вечерва драматична разврска во шампионската трка во која Манчестер сити на крајот ја одбрани титулата пред Ливерпул со триумф над Астон Вила од 3-2, иако до 76. минута беше во два гола негатива.
Составот на Пеп Гвардиола во последното коло влезе со бод предност пред Ливерпул и сам одлучуваше за својата судбина, но Вила на „Етихад“ водеше со 2-0 до завршните 15 минути, отворајќи можност за Ливерпул со победа над Вулверхемптон да ја освои титулата
Меѓутоа, Сити во самата завршница го сврте резултатот во своја корист и со три голови во периодот од 76 до 81 минута преку двојниот стрелец Гундоган (76, 81) и Родри (78) ја одбрани титулата во Англија. На Ливерпул не му помогна победата над домашен терен над Вулверхемптон од 3-1.
За Сити ова е осма титула во клупската историја, шеста во Премиер лигата и втора во низа.
Фудбалерите на Милан со победата од 3:0 на гостувањето кај Сасуоло во последното коло од Серија А, по пауза од 11 години ја освоија шампионската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.