Премиерлигашот Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, пишува италијанскиот „Кориере дело Спорт“.
Како што пишува италијанскиот весник, за 22-годишниот српски фудбалер се заинтересирани и Арсенал, Челзи, Ливерпул и Пари Сен-Жермен.
Договорот на Влаховиќ со Јувентус е со важност до летото 2026 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.
Сезонава Влаховиќ забележа 15 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и две асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.