Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од вчерашниот натпревар со Галатасарај во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите (3:3).
– Поведовме, а потоа загубивме. Требаше да освоиме три бода. Ова ни се случи и на други натпревари. Сепак, задоволен сум од начинот на кој играше тимот, но во исто време морам да ги критикувам бидејќи одбраната не е доволно добра. Јас сум одговорен за резултатот. Одиме напред и се подобруваме, а тоа е многу охрабрувачко. Се движиме во вистинската насока. Знам кои чекори да ги преземам понатаму, кои ќе ни донесат успех на долг рок, изјави Тен Хаг за веб-страницата на УЕФА.
Манчестер јунајтед е на последното место во групата А со 4 бода на еден натпревар пред крајот на групната фаза од Лигата на шампионите.
Во последното коло „црвените ѓаволи“ ќе му гостуваат на Баерн. Со евентуална победа имаат шанса за пласман во плејофот. Натпреварот ќе се одигра на 12 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.