Манчестер Јунајтед ќе плати 72 милиони фунти за ангажирање на данскиот репрезентативен напаѓач Расмус Хојлунд од Серија А Аталанта, објави Би-Би-Си.

20-годишниот фудбалер ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 64 милиони фунти, плус потенцијални 8 милиони фунти како бонуси.

Хојлунд и се приклучи на Аталанта во август 2022 година и минатата сезона постигна 10 гола на 34 натпревари.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ ќе биде на пет години, со опција за дополнителна сезона.Хојлунд ќе биде третото засилување за тимот ова лето, откако играчот од средниот ред Мејсон Маунт дојде од Челзи за 55 милиони фунти, а голманот на Интер, Андре Онана беше потпишан за 47,2 милиони фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.