Навивачката група „Комити” на фудбалскиот клуб Вардар изготви две знамиња со имињата на Мала Преспа и Голо Брдо во боите на Вардар, јави весникот „Македониум”.
Во соработка со единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, знамињата им се предадени на Македонци со потекло од Мала Преспа и Голо Брдо кои што живеат и студираат во Скопје, и ќе ги носат со себе на сите натпревари каде што ќе играат фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, наведува весникот.
Во текстот се додава дека деновиве од навивачката група „Комити“, знамињата ги добиле активисти на МАЕИ предводени од членот на Извршниот комитет на партијата, Јани Колефски.
При таа прилика заедно се дружеа и навиваа за фудбалскиот клуб Вардар, наведува „Македонија”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.