Младите категории на ФК Љуботен од вечерва имаат дополнителна спортска опрема која е обезбедена со ангажирање на дијаспората.

Македонците од повеќе градови кои сега живеат во Швајцарија по иницијатива на тетовскиот пожарникар Игор Симовски собрале пари и купиле топки и маици, кои денеска им се предадени на тренерите од фудбалската школа на Љуботен.

Огромна благодарност до Македонците во Швајцарија за донацијата на фудбалски топки и маичиња за најмладите членови на ФК Љуботен. Секоја дополнителна опрема за клубот и децата кои се дел од младинската школа претставува важна алатка во фудбалскиот развој, порачаа од ФК Љуботен.

Со младинските категории во ФК Љуботен работат поранешните познати тетовски фудбалери Среќко Мисајловски и Ивица Радоњиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.