Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта.

Во второто коло во Скопје ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна (19 јуни) „црвено-жолтите ќе и гостуваат на Англија.

Во септемврискиот прозорец Македонците на 9. ќе ја пречекаат Италија, а на 12 септември ќе гостуваат на Малта.

На 14 октомври „рисовите“ ќе и гостуваат на Украина, на 17 ноември на Италија, а на 20 ноември ќе ја пречекаат Англија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.