„Ова за нас е еден од најважните натпревари во историјата. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме на оваа прес-конференција, но тоа апсолутно не е случајно. Оваа наша репрезентација има нешто кое можеби другите воопшто го немаат, се чувствувам горд што сум капитен на овој национален тим и може само да кажам дека сме максимално подготвени за ова големо финале“ – истакна Стефан Ристовски пред денешниот меч.

Ова е историски натпревар за нашата репрезентација која има шанса по Европско да заигра и на Светко првенство.

Селекторот Милевски исто така е оптимист.

Никој во светот не очекуваше дека ќе се најдеме на овој дуел. Но, ние чекор по чекор го потврдивме сиот свој квалитет и заслужено сме повторно тука во финалето за СП 2022. Затоа фудбалерите имаат повторно само една порака од мене, да уживаат во моментот, да излезат на терен и уште еднаш да го покажат сиот свој потенцијал и срце“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.