Маријана Пуоло, мајката на италијанскиот селектор Роберто Манчини, гостуваше во емисија на „Раи Радио1“ и притоа даде коментар за неуспехот на европскиот првак во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Мајката на Манчини кажа дека тоа било најголемо разочарување во кариерата на сн ѝ, кој и понатаму очекува да сотане селектор.

„Најголемо разочарување? Да, дефинитивно затоа што во неговата кариера секогаш имаше успеси. Мечот беше под наша контрола, но нападот не беше најдобар. Што би направила јас? Би го повикала Балотели. Има неверојатна физичка сила и никој не може да го запре пред голот. Понекогаш прави глупости, но јас би го повикала во селекцијата“, вели мајката на Манчини.

Маријана смета дека Балотели ќе искористел дел од шансите кои ги имаа „аѕурите“ пред нашиот гол и ќе избореле место во финалето од баражот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.