Кристијан Виери упати критика до репрезентацијата на Италија, по поразот од Македонија, кој за нив е се уште шокантен.

Италија втор пат по ред нема да биде дел од едно Светско првенство, што за нив е поразително, а посебно фактот што се елиминирани сега од Македонија.

Виери се обиде да долови што тој видел на теренот на средбата во Палермо и посочи дека само еден играч заслужил да биде меѓу првите единаесет.

„Знаеме веќе подолг период дека Италија нема квалитетен напаѓач, фудбалер кој ќе постигнува голови како селекции од типот на Бугарија, со која одигравме нерешено, со Швајцарија, тоа се натпревари кои мора да ги добиваме. Дури и против Македонија, имавме свои шанси, но немавме реализација. Еден гол ќе беше доволен против Македонија, но не видов дека некој се обидуваше тоа да го направи. Берарди беше играчот кој изгледаше најживо на терен, сето тоа е премалку за ваков натпревар“, истакна Кристијан Виери.

Македонија сега го игра големото финале против Португалија во вторник од 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.