Ливерпул синоќа го победи Виљареал со 3:2 во реваншот од полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите. Англискиот тим ги постигна сите погодоци во вториот дел и постави клупскиот рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона во сите натпреварувања.
Избраниците на Јирген Клоп оваа сезона постигнаа 139 голови на 57 натпревари. Во првата средба Ливерпул на домашен терен победи со 2:0, па вкупен пласман во финалето.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 28 мај во Париз.
Ривалот на тимот на Јирген Клоп ќе биде победникот од пресметката помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Англискиот тим го доби првиот натпревар со 4:3
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.