Ливерпул постави клупски рекорд синоќа по натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика кој го доби со 3:1.

„Црвените“ за првпат во својата историја имаат осум победи на гостински терен во низа во сите натпреварувања.

Покрај тоа, за прв пат од 1984 година, Ливерпул победи на пет гостувања во Лигата на шампионите во низа.

Воедно, Ливерпул има постигнато два или повеќе гола на сите пет натпревари на гостински терен сезонава во Лигата на шампионите. Претходно тимот предводен од тренерот Јирген Клоп на гостински терен ги совлада Интер (2:0), Милан (2:1), Атлетико (3:2) и Порто (5:1)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.