Ринат Ахметов, најбогатиот украинец е сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјот Доњецк. Тој има голема поврзаност со Србија. Неговиот син Дамир е во брак со Дајана Костиќ. Дајана е ќерка на еден од најбогатите Срби Миле Костиќ и Маријана. Мајката Маријна пак беше во брак со прославениот фудбалер Лотар Матеус.

Дамир и Дајана се запознале на студии во Лондов и лудо се вљубиле.Пред неколку години има свадба во Лондон која родителите ги чинеше еден милион евра.

Тоа и можат да си го дозволат бидејќи свекорот Ринат поседува неколку челичарници низ Европа.

Неговата фирма вработува над 130.000 луѓе и има приход од десетици милијарди долари. Тој е сопственик на повеќе од сто компании од областа на финансиите, металургијата, рударството, земјоделството и телекомуникациите, како и украинскиот фудбалски клуб Шахтјор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.