Во квалификациите од Конференциската лига, скопски Шкупи вечерва во Скопје загуби од софиски Левски со 2:0 во првиот натпревар меѓу двата тима.

Првиот гол беше постигнат во првото полувреме и тоа во 31-та минута. Стрелец на голот беше Велтон кој немаше проблеми да ја затресе мрежата на македонскиот вицешампион по асистенцијата на Рикардињо. Победата на Левски ја завери Роналдо во четвртата минута од судиското продолжение.

Реваншот ќе се игра идниот четврток во Софија, а Шкупи ќе мора да брка негатива од два гола.

Натпреварот мина во сенка на инцидентите пред неговиот почеток, кога девет навивачи на Левски беа приведени, а еден од нив прободен со нож во Чаир по што е пренесен во болница и е во стабилна состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.