Роберто Баџо (57), еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако разбојници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија со своето семејството.
Полицијата соопшти дека во вилата на Баџо во Алтавила Висентина упаднале пет маскирани и вооружени напаѓачи.
Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден. Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна бил примен во болница и морало да му се сошијат раните.
Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети.
Баџо подоцна успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.