Претседателот на шпанската фудбалска лига (Ла Лига), Хавиер Тебас, оцени дека Барселона во моментов нема финансиски можности да го врати во своите редови Аргентинецот Лионел Меси, но додаде оти се надева дека ситуацијата ќе се промени.
Денес не би можел да биде регистриран, но има уште доста време, рече синоќа Тебас на конференција за новинари во Мадрид, додавајќи оти се чека „план за изводливост од Барселона“.
Ние во секој случај нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола која ја одобрија самите клубовите за Барса да може да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба би била тој да се врати во нашето првенство – истакна Тебас.
Меси има договор со ПСЖ до јуни оваа година, а сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.