Во рамките на 4. коло од Регионалната скопска лига, денеска на Цементарница генерацијата 2008 на ФК Кул ја пречека екипата на Шкендија. Натпреварот заврши без победник и голови, со конечни 0:0.

За Кул стартни беа Ангел Цветевски, Мартин Гоџо, Драган Лазаров, Леон Ангелески (К), Андреј Николовски, Михаил Алексов, Ведран Арнаудов, Теодор Велковски, Трајче Талевски, Калин Лупевски и Трајче Костадинов.

 

Во првото полувреме не видовме погодок, ниту посериозна шанса кон двата гола. Се играше на средината на теренот и двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Во првиот дел од натпреварот Кул се закани преку Ведран Арнаудов и Калин Лупевски, но голот на Шкендија остаана безбеден.

На кратка пауза се замина со почетните 0:0.

Во второто полувреме и двете екипи покажаа поотворена и похрабра игра. Видивме по една голема шанса на двете страни за отворање на резултатот. После само две минути игра во вториот дел, беше досуден пенал за екипата на Шкендија, кој не беше реализиран. Голманот Ангел Цветевски со одлична интервенција спаси негатива. Најголемата шанса за Кул ја имаше Јован Гиевски, но немаше среќа и ја погоди пречката од голот на гостинската екипа.

  

Се играше акција од левата страна, по која борбениот Лупевски успеа да одземе топка, упати центар шут, а топката стигна до Гиевски, кој биеше од некаде 18 метри погодувајќи ја пречката. Во овој дел од натпреварот обиди имаа Ангелески и Лупевски, но без реализација. Обид од слободен удар имаше и противникот, но денес Цветевски не дозволи да биде совладан. На крајот натпреварот заврши без голови, со резултат 0:0.

Во игра на натпреварот влегоа и Петар Крчаноски, Јован Гиевски, Лука Аврамовски, Матеј Ивановски, Андреј Кузманов и Тарик Муртиќ. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.