Двајцата нови фудбалери на Барселона, Андреас Кристенсен и Френк Кеси би можеле да го напуштат клубот без отштета, без да одиграат ниту еден официјален натпревар.
„ЕСПН“ објави дека Кристенсен и Кеси може да ги раскинат договорите со клубот доколку не бидат регистрирани пред натпреварот од 1. коло во Ла Лига против Рајо Ваљекано.
Двајцата фудбалери дојдоа во каталонскиот клуб како слободни фудбалери и можат да ја искористат опцијата што ќе им овозможи да ја напуштат Барса пред затворањето на летниот преоден рок.
Во моментов нема индикации дека тоа ќе се случи. Во најлош случај Барса ќе се обиде да разговара со агентите на играчите за да избегне таков развој на настаните.
Барселона против Рајо Ваљекано треба да игра на 13 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.