Кошаркарска Евролига и фудбалска Лига на шампиони. Некој би рекол двете најголеми клупски натпреварувања во Европа. Можеби…

Две големи натпреварувања во двата најпопуларни спорта на Стариот континент изгледаат како небо и земја. Од организацијата, бројот на клубови, популарноста, па потоа и наградниот фонд кој е најважен во целата деловна структура.

Наградниот фонд на Лигата на шампионите изнесува точно две милијарди и 22 милиони евра. На секој клуб-учесник му е загарантирана сериозна заработка, дури и на оние тимови кои се појавуваат во квалификациите, што само по себе дава сериозност на натпреварувањето. Клубот кој ја освојува Лигата на шампионите може да заработи точно 88.140.000 евра! Плус уште милион евра, ако го освои Суперкупот на Европа.

Евролигата изгледа како смешно и аматерско натпреварување.Шампионот во Евролигата Панатинаикос доби од натпреварувањето – 1.750.000 евра! Тоа се повеќе од 50 пати помалку пари.

Бројките не лажат

Лигата на шампионите

Награден фонд 2.022.000.000

Победа  2.800.000

Шампион на натпреварување 88.140.000

Евролига

Награден фонд 8.710.000

Победа: нула

Шампион на натпреварување 1.750.000



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.