Негова желба беше моштите да почиваат во главниот град на идната Независна Македонија. Па затоа на 7, 8 и 9 Октомври пешки неговите Македонски следбеници од Софија до Скопје го носат пеш, за на 10-ти Октомври, 1946-та го положат неговото тело во саркофагот во црквата Свети Спас во Скопје, каде што почиваат сега.
По пат на улиците излезени луѓе, Македонци, натажени, во цела Пиринска Македонија, во сите места каде живеат Македонци.
Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на Македонската Револуционерна Борба.
Наша должност, право и чест е да ги браниме неговите дела, неговите идеали, и борба за Слободна, Суверена и Независна Македонија, за кои го положи својот живот пред точно 119 години, во Баница наша страдна.
Ние можеме да бидеме пријатели, па дури и браќа со сите наши соседи, но ние сме Македонци, по род, по коски, по крв, по убедување. Па затоа заедно да ја продолжиме сплотени нашата заедничка борба, која Великанот ни ја остави во аманет. И да не заборавиме дека оние кои се борат за интересите на Бугарија, Србија, Грција, може да бидат големи Бугари, Срби и Грци но никогаш големи Македонци !
Слобода или смрт за Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.