Седумнаесетгодишниот Димитар Данев од Младинската школа на Работнички е во фокусот на интересот на неколку клубови од странство. Дека се работи за исклучително талентиран и квалитетен млад играч докажува и тоа штоклубови од првата и од втората Бундес лига во неколку наврати ги следеле неговите настапи, а сериозен интерес покажал и прволигашки клуб од Хрватска.

Данев има десет настапи за младинските категории на Македонија. Во финалето на младинскиот Куп на Македонија, токму неговите два гола го одлучија победникот меѓу финалистите Работнички и Шкендија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.