Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не се смета себеси за генијалец и проговори за неговиот тим.

– Јас не сум гениј. Не можам да кажам што ќе се случи за четири месеци. Само се трудам да ги најдам најдобрите решенија и идеи. Понекогаш тоа функционира, понекогаш работите се менуваат. Но, брзо добив добро чувство за сегашниот тим. Ајде да видиме дали сето ова функционира. Треба да се движиме во вистинската насока. Луѓето мислат дека ова значи дека можеме да станеме шампиони. Сè уште не е така, но имаме тим против кој никој не сака да игра. Имаме уште големи чекори да направиме, но се оди во вистинска насока, изјави менаџерот на Ливерпул.

На табелата во Премиер лигата води Ливерпул со два бода повеќе од Манчестер сити. Два бода зад тимот на Клоп заостануваат и Арсенал и Астон Вила кои имаат одиграно натпревар повеќе



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.