Легендарниот дефанзивец Џорџо Киелини е поразен по шокантниот пораз на селекцијата Италија од Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство.

Македонија славеше во Палермо со голот на Александар Трајковски, актуелниот европски првак вторпат по ред остана без виза за Мундијалот.

„Ова е големо разочарување за нас. Пропуштивме многу шанси, одигравме солиден натпревар. Горд сум на моите соиграчи“, изјави Кјелини и продолжи:

„Ние сме уништени. Се надевам дека Манчини ќе биде тука во иднина“.

Искусниот фудбалер се уште не знае дали поразот од Македонија е негово збогување од репрезентацијата.

„Не е време да кажам дека ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата“, додаде Кјелини.

Во финалето на баражот на 29 март Македонците ќе се сретнат со Португалија, која ја совлада Турција со 2:1. Натпреварот од Лисабон ќе можете да го гледате во Спорт Клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.