Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.

Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентот што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…

Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднел кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.

Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, а Брновиќ и целото семејство се во страв.

Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот – „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.