Легендарниот фудбалер и долгогодишен капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, официјално објави дека го напушта клубот по завршувањето на сезоната. Договорот на 34-годишниот играч истекува на лето и двете страни се договориле тој да не биде обновен.

Ројс е роден во Дортмунд и бил младински играч на клубот, играјќи и за Рот Вајс Ален и Борусија Менхенгладбах. Со „жолто-црниот“ клуб потпиша во 2012 година. Заедно со периодот во младинците, тој помина над 21 година со Борусија Дортмунд. Тој го зазема второто место по голови во историјата на тимот од „Вестфален“ и четвртото место на вечната листа на натпревари за клубот.

Марко Ројс досега одигра 424 натпревари за Дортмунд, постигна 168 гола и асистираше на уште 128. Со клубот освои два Купа на Германија и два германски Суперкупа, а во 2013 година стигна и до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби од Баерн Минхен со 1:2. Три пати беше избран за „Најдобар фудбалер во Бундеслигата“ (двапати со тимот на Дортмунд и еднаш со Гладбах) и двапати за „Фудбалер на годината во Германија“.

Неверојатно сум благодарен и горд на овој посебен момент во мојот клуб Борусија Дортмунд. Поминав повеќе од половина од мојот живот во овој клуб и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се збогувам на крајот од сезоната. Сепак, мило ми е што сега има јасност и што можеме целосно да се концентрираме на последните натпревари, кои се толку важни пред нас. За ова ни треба секој од нашите неверојатни навивачи, на кои сакам да им изразам искрена благодарност за нивната неверојатна поддршка низ годините, изјави Ројс за клупската веб-страница.

Шефот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке, истакна дека Ројс е еден од најголемите играчи во историјата на клубот.

Тој е роден во Дортмунд, играше речиси десет години во нашата младинска програма, дванаесет години во професионалците и долго време беше капитен. Неговата врска со Борусија Дортмунд е исклучителна. На Марко му посакуваме се најдобро во неговата иднина. Силно се надеваме дека по завршувањето на професионалната кариера ќе се врати во Борусија, бидејќи тука во Дортмунд го чекаат доволно возбудливи задачи“, изјави Ројс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.