акедонските фудбалски прволигашки екипи денеска ќе го одиграат 21 коло во кое дербито е на програмата во Тетово каде Шкендија е домаќин на Вардар.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сезонава се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и прв пат по пауза од три години му гостува на тетовскиот ривал.

Двете екипи се со различни амбиции во пролетниот дел од сезоната. Третопласираната Шкендија атакува на шампионската титула и заостанува три бодови зад лидерот Шкупи, додека амбициите на десеттопласираниот Вардар е да излезе од зоната за испаѓање и да го задржи прволигашкиот статус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.