Натпреварот што го одигра за Тунис против Франција на СП во Катар беше последен за Вахби Казри (31), во националниот тим. Тунис со неговиот гол ја победи Франција со 1:0, но не успеа да се пласира во осминафиналето.

Сега е вистинскиот момент, пет Африкански купови на нации, два светски првенства… Го направив моето семејство гордо. Циклусот е завршен. Завршницата против Франција е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Му благодарам на народот на Тунис. Имавме одлична генерација. Среќен сум што завршувам на овој начин. И посакувам се најдобро на мојата земја која живее и дише фудбал. Убеден сум дека најдоброто допрва доаѓа“, напиша Казри.

Казри е роден во Франција и одигра еден натпревар за младата репрезентација на триколорите, но во 2013 година реши да игра за Тунис.

Тој забележа 74 настапи и постигна 25 голови. На Светските првенства одигра пет натпревари, три во Русија и два во Катар. На Мундијалот постигна три гола, повеќе од кој било друг туниски репрезентативец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.