Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија.
Според новинарот, Фабрицио Романо, 34-годишниот Уругваец, чиј договор со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година, сака да го напушти тимот како слободен играч.
Приоритетна опција за Кавани е шпанската Ла лига.
Романо вели дека Кавани нема намера да се пресели во аргентинската Ривер Плата, можност која се споменуваше претходно.
Кавани е во Манчестер јунајтед од октомври 2020 година. Во сезоната 2021/22, Уругваецот забележа 15 настапи за „Црвените ѓаволи“, постигнувајќи два гола и една асистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.