Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ преку видеопорака ипсрати поздрав до семејството Ристовски од село Волковија, Тетово, семејство на кое припаѓала и неговата мајка.

Здраво, тука е Немања Матиќ, сакам да ја поздравам цела фамилија Ристовски од село Волковија, Тетово, Македонија. Знам дека направивте една група на Фејсбук и дека ги барате сите кои потекнуваат од фамилијата Ристовски од село Волковија. Сакам да знаете дека и јас сум еден од вас бидејќи мојата мајка е Ристовска и нејзините тргнале од селото Волковија. Уште еднаш голем поздрав, се надевам дека ќе имаме можност да се запознаеме и малку да се дружиме. Секое добро и ви праќам поздрав од Манчестер, вели тој во видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.