Денеска беше извршена ждрепката за главната фаза во Лига Европа.
Како и другите турнири на УЕФА, од оваа сезона натпреварувањето се одвива во нов формат кој е општа лига од 36 екипи. Во него секој тим ќе игра против осум различни противници – по два од секоја урна, а ќе има четири домашни меча и четири гостувања. Натпреварите ќе се одиграат меѓу 25 септември и 30 јануари.
Најдобрите осум екипи во конечниот пласман директно се квалификуваат во осминафиналето. Екипите рангирани меѓу 9. и 24. место ќе играат плејоф за пласман.
Екипите од 25. место подолу испаѓаат од европските турнири.
Манчестер Јунајтед имаше релативно добра ждрепка. „Црвените ѓаволи“ ќе му бидат домаќин на Ренџерс, а ќе гостуваат во Порто. На „Олд Трафорд“ ќе ги пречекаат ПАОК, но ги очекува тешко гостување кај Фенербахче на Жозе Мурињо. Останатите тимови со кои ќе се соочи Манчестер Јунајтед се Бодио/Глимт, Викторија Плзен, Твенте и ФЦСБ.
Рома ќе се соочи со Тотенхем, Ајнтрахт и Атлетик Билбао. Лондончани ќе го посетат Рим, но и Лион.
Меѓу другите интересни натпревари е и тој меѓу Ајакс и Лацио, иако двата тима не се во одлична форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.