Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја доби наградата Тренер на годината за време на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ за 2024 година.
Популарниот Дон Карло заедно со другите припасници на мадрискиот клуб ја бојкотираат церемонијата, бидејќи дознале дека Винисиус Жуниор нема да биде добитник на „Златната топка“.
Анчелоти лани освои три титули – Лигата на шампионите, Ла Лига и Кралскиот куп.
Наградата за Тренер на годината во иднина ќе го носи името „Јохан Кројф“ по легендарниот Холанѓанец, еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња, подоцна многу успешен како тренер на Барселона.
За познатиот фудбалер и тренер зборуваа поранешниот бугарски ас Христо Стоичков (добитник на Златната топка во 1994 година додека играше за Барса на Кројф) и Жорди Кројф, поранешен фудбалер и син на Јохан Кројф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.